Порталот Новатв објавува дека прaтеникот на Алијанса за Албанците, Шефик Дураку ja демантира објавaта на порталот opinionshqip.life, кој излезе со негов цитат дека наводно Дураку за Апасиев вели дека е кловн.
Дураку во контакт со редакцијата на Новатв која ја пренесе веста изјавил дека „ваквите обиди за кои рече дека потекнуваат од ДУИ, имаат за цел намерно да спинуваат за да и наштетат на иницијативата за интерпелација на Владата.
“Моја цел со статусот беше да им укажам на спинувачите дека ни ја потценуваат интелигенцијата нашата и на граѓаните, со тоа што партијата Левица и нејзиниот претседател Апасиев ги претставуваат како толку моќни што дури можеле да и наштетат на НАТО-алијансата, вели Дураку. ДУИ бара проблем онаму каде што го нема а целта е да се растури ова мнозинство за рушење на владата”, изјави Дураку во реакцијата за Нова ТВ.
Предходно истата вест за наводен судир меѓу Алијанса и Левица од сајт близок на Артан Груби ја објави и Фокус но подоцна истата ја промени.
Уште еден провладин медиум ја објавил лагата за наводниот судир во опозицијата





