Новата влада на Заев избрана со 62 гласа „за“ и 51 „против“

Со 62 гласа „за“ и 51 „против“, без воздржани, Собранието ја избра новата влада предводена од Зоран Заев.



Вториот владин кабинет на лидерот на СДСМ заедно со него има 20 члена:

Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците;

Љупчо Николовски – вицепремиер за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси;

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања;

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања;

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана;

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи;

Бојан Маричиќ – министер за правда;

Бујар Османи – министер за надворешни работи;

Фатмир Бесими – министер за финансии;

Крешник Бектеши – министер за економија;

Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Венко Филипче – министер за здравство;

Мила Царовска – министерка за образование и наука;

Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика;

Горан Милевски – министер за локална самоуправа;

Ирена Стефоска – министерка за култура;

Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација;

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски,

Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање.