Новоизбраната претседателка на ЕП Роберта Мецола за бугарските медиуми ги коментира односите меѓу Бугарија и Република Македонија и најавува дека ќе се вклучи во барање излез од ситуацијата меѓу Скопје и Софија.
„Во тој поглед се придржувам до ставот на мнозинството од Европскиот парламент и мојот јазик нема да се разликува од моите претходници. Но, треба да најдеме излез од оваа ситуација, предолго чекавме. Ќе се обврзам и ќе зборувам до сите колеги, да видиме што може да се направи“, рече Мецола.
Мецола доаѓа од Малта а е дел од Европската народна партија. Ниту една од бугарските партии на власт не е дел од европската десница.
Најмладата претседателка на ЕП вчера дојде на чело на европскиот законодавен дом по смртта на нејзиниот предходниот Давид Сасоли.






