Новата политичка кариера Димитров ја почнува со мерак и странци

Почнуваме со многу мерак и со големи пријатели, пишува човекот со најмногу функции во македонската политика.



Потписникот на Преспанскиот договор кој имал десетина позиции во влади на сите политики партии, најмногу во време на ВМРО-ДПМНЕ почнува со движењето Солуција кое може да стане партија само ако се соберат 1000 потписи за регистрација.

На новиот почеток Димитров мислејќи дека странците ќе му дадат легитимитет и популарност не промовира домашни луѓе туку странци.

,,Три значајни имиња за македонскoто општество – чест е да ви ги претставиме овие високи гости уште на првиот наш настан.

Амбасадорот Филип Рикер, поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу и експертот за реформи и владеење на правото, Рајнхард Прибе ќе дебатираат на панел – дискусијата со наслов “Македонскиот ден на мрмотот – излез од лавиринтот на корупцијата и клиентелизам”, стои во најавата на движењето за настанот на кој модератор е претседателот и коосновач на Солуција, Никола Димитров.