Бугарија ја задржува својата единствена позиција кон Република Македонија, стои во предлог коалицискиот договор за формирање на новата владејачка коалиција во Софија, јави БГНЕС.
Присутните на средбата на коалициските партнери за околу 40 минути ги разјасниле главните точки на билатерални односи со РМ. Иако имало предлози експлицитно да не се нагласи дека Бугарија се придржува до Рамковниот став усвоен од Парламентот во ноември 2019 година, усвоена е дека формулацијата дека Бугарија ја задржува сегашната позиција во однос на Македонија.
Новата влада нема намера да ја ревидира позицијата усвоена од Народното собрание. А тоа подразбира дека ќе се бранат националните интереси на Бугарија и нема да има компромиси со историската вистина, врз основа на документи и факти.





