Новата бугарска влада е неспособна и ќе донесе катастрофа

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов нема да ја поддржи Владата на Кирил Петков и ГЕРБ в понеденик нема да гласа за новата влада во Собранието.



Борисов изјави дека Владата во која е Бојко Рашков кој беше досегашниот технички министер за внатрешни работи и како што вели Борисов, мрачен шеф на комунистичката истражна служба и кандидат на БСП за државен обвинител, нема да добие поддршка.

„Мене ме интересира како ќе владеат луѓето кои што изгубија избори, како лидерите на партиите кои пропаднаа на изборите ќе бидт вицепремиери и министри. Лидерите кои имаа најниски изборни резултати сега ќе владеат“ изјави Борисов.

Вели дека новата влада може да донесе само катастрофа за Бугарија затоа што, како кажа, е зависна и неспособна.