Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новакоски на својот Фејсбук профил сподсели мислење дека е неприфатливо доцнењето на ДИК со објавувањето конечни резултатии од вчерашните избори, а за тоа се обвинува паѓањето на сајтот.



„Ова што го прави ДИК сега,се прави во текот на ноќта. И од најдалечната точка од државава, до Скопје се стигнува за 3 часа. Секое каснење создава простор да не се признаваат резултатите, да се створи недоверба и шпекулации. Експерименти не се прават неколку дена пред избори“, пишува Новакоски.

Веб страницата на ДИК не работи од синоќа од 21 часот.