Тенисерот Новак Ѓоковиќ откри дека Коби Брајант бил еден од луѓето кои му помогнале кога во најтешките моменти од неговата кариера.
„Коби беше еден од луѓето кои беа мои ментори. Секогаш беше покрај мене кога минував низ најтешките периоди во мојот живот, ми даваше совети со кои ме охрабруваше да не се предавам и да продолжам да се борам. Вечно ќе му бидам благодарен“, порача Ѓоковиќ, пренесе Express.uk.





