Деловниот свет почна да се окажува од Русија уште пред воведувањето на санкциите поради инвазијата на Украина, а од нејзиниот почеток немилосрдно “пукаат“ трговските текови и синџири, што е тежок удар за руската економија, пишува рускиот независен дневен весник Новаја Газета.



Денеска пренесува весникот „Кога „мирните руски ракети“ почнаа да ги гаѓаат украинските „воени објекти“ населени од некои причини со цивили, деловниот свет почна да се оддалечува од Русија“, се пошегува „Новаја“ во написот „Ќе бидеме Венецуела со нуклеарни проектили“.

Менаџер на меѓународната логистичка компанија Уни Интернационал, Михаил Бобришев вели дека „меѓународните превозници ги откажуваат нарачките за Русија еден по друг“. Превозниците го пренасочуваат товарот во други земји и ја заобиколуваат Русија, а речиси сите ја откажуваат соработката со руските партнери.

„Нашите партнери велат дека не се откажуваат само пратките од САД, туку и од Канада и Јужна Америка.

Весникот наведува дека во Русија веќе не пристигнува опрема за нафтени и гасни бунари и разни хемикалии, односно се што и е потребно на Русија за производство на нафта и гас. Или, на пример, американските комбајни што требаше да дојдат во Санкт Петербург заглавија. Оваа високо специјализирана техника дизајнирана за берба на одредени видови житни култури во Русија се произведува само во Америка.

Превозниците веројатно подобро од многумина гледаат колку Русија зависи од увозот на буквално сè, се вели во написот. Целиот превоз е прекинат.

“Сè до бананите.Сега разговарав со еден колега, тој вели дека 40 контејнери банани од Колумбија и исто толку од Боливија – нема да дојдат. Не е важно од која земја е превозникот, сите гледаат дека Русија е под санкции, тие самите не сакаат да потпаднат под нив. Веќе имаме поплаки дека е невозможно да се префрлат долари од Русија и да се плати товарот, бидејќи руската банка е под санкции“, вели Михаил Бобришев.

Запрени се и испораките на електроника и апарати за домаќинство во Русија, а на руските погони за производство на фрижидери Bosch, бојлери Ariston и низа други им се заканува затворање, како и погоните за склопување автомобили кои зависат од увезени компоненти и резервни Делови.

„Сето ова ќе пропадне, веројатно не одеднаш, но руската економија наскоро ќе го почувствува тоа“, се вели во написот.

Тој додава дека има мала надеж за помошта на „кинеските другари“ кои би сакале да го заземат местото на извозниците кои и го свртеле грбот на Русија.

Оваа надеж ја уриваат податоците за контејнерскиот сообраќај во последните денови, кои покажуваат дека и во таа насока се запираат испораките, бидејќи во страв од американските санкции, превозниците одбиваат да преземат товар од Кина.