Во текот на денешниот ден дошло до нова комуникација меѓу двајцата руски комичари Вова и Лексус и македонскиот премиер Заев кој во повеќе наврати бил злоупотребен од нив.
По вчерашната прес конференција на која што Заев ги нарече измамници тој денеска на својот мобилен телефон преку апликацијата WhatsUp добил нови пораки од нив.
Руските шегаџии тврдат дека на Заев му испратиле пораки со поддршка и дека тој ги видел пораките но овој пат не одговорил.
Во пораката со поддршка Вован и Лексус го пофалиле Заев дека одлично се држел на прес конференцијата на која призна дека дури завчера дознал за лажните разговори со лажните Столтенберг и Порошенко односно руските “пренкери”.
Пи Ар службата на Владата денеска не информираше за вакви контакти на Заев со руските комичари.




