Иако веќе еднаш беа жртви на рекет од страна на властодршците, по се изгледа дека сопствениците на „Пелистерка“ и довчерашни бизнис партнери на бизнисменот Орце Камчев – со него заедно го водеа бизнисот со ЗИК Пелагонија и Стопанска Банка ад.Битола, за да се спасат себеси од кривичен прогон и затвор, ја нуделе главата на Камчев во замена за нивна слобода, пишува уредникот на инфомакс.мк Александар Митовски.
Според аудио-материјалите кои биле ставени на увид на редакцијата, станува збор за понуда од страна на Цветан Панделевски до бизнис партнер на семејството Заеви, во која сопственикот на „Пелистерка“ предложува бизнис-план за одземање на делот на Орце Камчев во ЗИК Пелагонија, а потоа истиот тој дел да биде предаден во владение и раководење на една од семејните компании на семејството на премиерот.
Според новинарот Зоран Божиновски, постои аудио снимка иф разговор помеѓу Панделевски и бизнисменот близок до Заеви која ја докажува оваа состојба.
Снимката која била ставена на увид на редакција трае еден час и четириесетина минути. Според истиот новинар, снимач е Зоран Милевски – Кичевскиот.
За да се спасат од затвор, не само што газдите на „Пелистерка“ ја нуделе главата на Орце Камчев и дел од ЗИК Пелагонија, тие се понудиле и лажно да сведочат во предметите против скопскиот бизнисмен. Понуда која според Митовски е испратена на „разгледување“.
Според неофицијални информации, аудио снимки од вакви преговори вкупно има 12. а во една од овие се зборува за сценарио во кое на мета би се нашла и Стопанска Банка ад.Битола, тврди новинарот.
Двата обиди кои произлегуваат од ваквото сценарио веќе се осуетени, а минатата недела акламативно Управниот одбор на ЗИК Пелагонија изгласа нов Извршен директор и тоа претставник од Орка Холдинг. За да биде бизнис-победата конечна, битолчани во целост застануваат зад одлуките на Камчев.
Со ова уште еднаш се демантирани тврдењата на Зоран Заев дека тој никогаш не бил дел од рекетарско сценарио, тврди Митовски.
Аудио-снимки од овие криминални преговори, во кои се подготвува егзекуција на бизнисменот Камчев и неговите компании кои вработуваат повеќе од 3.000 луѓе веќе се најавуваат на социјалните мрежи.
Божиновски вели дека бомбата ќе биде објавена кога најмногу ќе боли.
Повеќе на овој ЛИНК






