Нова протестна нота: Успеавме да ги вознемириме и Босанците

Министерствтото за надворешни работи на Босна и Херцеговина упатило протестна нота до амбасадата на Македонија во Сараево, поради тоа што македонската државна поштенска компанија објави пригодна поштенска марка со картата на Независна држава Хрватска (НДХ) од периодот на Втората светска војна, која била сојузничка на нацистичка Германија.



„Министерството за надворешни работи на БиХ изразува загриженоста по повод промоцијата на поштенската марка со картата на усташката творба Независна држава Хрватска (НДХ), на која што, меѓу другите, е вклучена и територија на независна и суверена Босна и Херцеговина. Министерството искажува надеж дека станува збора за ненамерен пропуст на Поштата на Македонија кој остро ќе го осуди и Владата на Република с. Македонија“, се наведува во соопштението.

Од Министерството за надворешни работи на БИХ укажуваат на особената тежина на овој чин, бидејќи доаѓа на денот на одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот и Денот на Европа, но како позитивно го гледаат извинувањето од македонскиот државен поштенски оператор и одлуката за побвлекување на спорната поштенска марка од оптек. А со неа, „ги разбудија духовите кои на овој простор предизвикаа страдања и стотици илјади недолжни жртви под усташкиот режим“, се истакнува во соопштението на босанско-херцеговската дипломатија.

Министерството, исто така, изразува надеж дека овој настан кој го толкуваат како „обид за ревизија на историските факти, нема да влијае врз изразено добрите и развиени билатерални односи“ со Македонија.

Во саботата вечерта, по жестоките реакции во македонските и регионалните медиуми, македонска пошта се извини поради „ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенска марка од серијата ‘Македонија во ЕУ’ чија дека е одбележувањето на претседавањето на Хрватска со Унијата“.

„На оваа поштенска марка поставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа целиот тираж од 6.000 марки веднаш се повлекува од употреба“, се наведува во соопштението на Македонски пошти.

Малку претходно во саботата и Србија врачи протестна нота на вршителот на работите во македонската амбасада во Белград, истакнувајќи дека станува збор за „обид за историски ревизионизам“, кој „грубо ги нарушува билатералните односи … и соработката и стабилноста во целиот регион“.

„Министерството за надворешни работи на Република Србија го смета објавувањето на оваа поштенска марка и тоа на денот на победата над фашизмот, како непријателска провокација насочена против територијалниот интегритет и суверенитет на Република Србија, како и навреда за целиот српски народ кој страдаше во концентрационите логори во текот на Втората светска војна“, се вели меѓу другото во протестната нота на официјален Белград.