Нова понуда од Захариева!

Ако постигнеме договор пет дена пред изборите, Бугарија може да ја одобри Рамката за преговори на Македонија за почеток на претпристапните преговори, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, пренесе БГНЕС.



Таа истакна дека главното прашање во спорот останува спроведувањето на Договорот за добрососедство и пријателство, што беше потпишан во август 2017 година.

„Имаме интерес Рс Македонија да започне преговори, но не можеме да замижуваме на заштитата на националните интереси. Имаме многу точки со неисполнување на Договорот “, потенцираше Захариева.