Нова оставка во грчката влада, Ципрас размислува за „ремонт“’

Генералниот секретар за цивилна заштита, Јанис Капакис, утринава поднесе оставка поради смртоносните пожари во источна Атика од 23 јули.



Бројот на жртвите во катастрофалниот пожар веќе е 91.

По заминувањето на министерот за Јавен ред и заштита на граѓаните, Никос Тоскас од владата – одложен одговор на фаталните пожари што ја уништија Атика минатиот месец – се вели дека премиерот Алексис Ципрас размислува за поопширен „ремонт“ на неговиот кабинет, во обид да го смири јавното незадоволство и а сигнализира дека неговата администрација е цврста пред очекуваните предвремени избори следната пролет.