Нова навредлива порака на Трамп за Макрон

Само два дена по средбата во Париз на која двајцата лидери разговараа за соработка претседателот на САД Трамп му упати навредлива порака за францускиот колега Емануел Макрон.



“Емануел Макрон сугерира формирање на своја армија за да ја заштити Европа против САД, Кина и Русија.

Но тоа беше Германија во првата светска војна и како излезе тоа за Франција?

Тие почнуваа да учат Германски во Париз пред САД да се приклучи.

Плати за НАТО или не”, напиша Трамп во првата пораката до францускиот претседател по која следеше уште една целосно недипломатска.

“Проблем е што Емануел има многу ниска поддршка од 26 % и висока невработеност од 10 %. Тој само се обидува да ја смени темата. Нема друга толку националистичка земја, со горди и исто така исправни уѓе.

За една недела ова е втора жешка порака на истата тема од Вашингтон до Париз.

Конфликт за НАТО, Трамп отворено се судри со Макрон