Новинарот Зоран Иванов кој на сексуална основа ја навредуваше бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева со нов говор на омраза овој пат на социјално – дипломатска основа.
За Иванов кој беше владин функционер во МИА и предизвика скандал меѓу Софија и Скопје затоа што Захариева и сестрата на грчкиот премиер Мицотакис, Бакојани, ги нарече со погрдни имиња во сексуален и мизоген контекст, сега бугарската министерка е “беда”.
“Екатерина бедо дипломатска, па македонскиот јазик се учи и во српски школи каде што има Македонци, полека, ќе се учи и таму”, и пишува Иванов на Захариева во обид да се прикаже како патриот кој се бори за македонскиот јазик.
Иванов заедно со Бранко Тричковски, Саше Политико и Ненад Јовановиќ важи за еден од најголемите критичари на ВМРО-ДПМНЕ и најголем поддржувач на Заев и СДСМ.
Тој беше еден од најголемите поддржувачи на Преспанскиот и Договорот со Бугарија.
Екатерина бедо дипломатска, па македонскиот јазик се учи и во српски школи каде што има Македонци, полека, ќе се учи и таму.
— Zoran Ivanov (@ivanov_zoran) January 29, 2021






