Нова навреда од Софија: Членовите на македонската историска комисија се магариња (ВИДЕО)

Нова навреда од бугарската влада кон македонски претставници во спорот за историјата и идентитетот.



Откако предходно македонската политичка елита ја нарече продукт на “сталинистичкиот антибугаризам” вицепремиерот Каракачанов ги спореди со магариња членовите на македонскиот дел од мешовитата историска и образовна комисија со Бугарија.

Според Каракачанов врвните интелектуалци од македонска страна, кои не ги прифаќаат бугарските политички уцени и закани и инсистираат на фактографија, се однесувале како “Магаре на мост” и тврделе дека имаат свој поглед на историјата.

Притоа Каракачанов кој и самиот е историчар вели дека историчарите можат да тврдат дека се марсовци и дека Самоил паднал од Марс но тоа немало да биде точно.

Оваа навредлива изјава со која покажува дека главниот проблем за Бугарија сега е принципиелноста на членовите на македонската комисија, Каракачанов ја дава по втората минута од видеото.

ВИДЕО