„Нова Македонија“: Пораката од Прага, Братислава и Виена до ЕУ!

(…)



Реакцијата на Словачка, Чешка и на Австрија на апсурдните бугарски уцени за Македонија, преку ставот дека „премногу ѝ се попушта на Бугарија“, на некој начин е повеќе и порака од новите земји на Унијата до оние земји што се сметаат за „чувари на европските вредности“, дека со удоволување на, навидум незагрозувачки за нив, каприциозни барања на земјите-членки, всушност ЕУ тоне сѐ подлабоко во компромитацијата на сопствените фундаментални принципи“, пишува „Нова Македонија“ во коментар насловен „Конечно светло во тунелот на ЕУ“/

„Ваквото однесување на ЕУ во изминативе 15 години спрема Македонија одеше во прилог на креирање политика на попустливост спрема соседите, која (не)сериозно доведе до преиспитување на историско-идентитетската матрица на државата до висок степен на загрозеност од соседското негирање.

Ако таквиот политички дефетизам предизвика сѐ уште нерешени контроверзии во македонското општество по Преспанскиот договор со Грција, „новите“ бугарски уцени за ЕУ предизвикуваат сѐ поедногласен јавен револт во Македонија.

Со сето разбирање за другите „поважни“ приоритети на ЕУ за нејзината сопствена иднина и надменост во односите спрема регионот наречен Западен Балкан и особено спрема Македонија, сепак на Унијата ѝ е потребно самата посериозно да се наврати на сопствените вредносни принципи“.