Сите три партии од власта СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците заедно имаат значително помалку поддршка меѓу граѓаните од сама ВМРО-ДПМНЕ покажува новата анкета на Институтот за политички истражувања ИПИС од Скопје.
Според анкетата во убедливо водство што им гарантира создавање на нова влада е ВМРО-ДПМНЕ со 20,3 проценти поддршка.
Втора е СДСМ со 11,3, ДУИ е на трето место со 5,6 а Алијанса за Албанците има 2 проценти поддршка.
Сама ВМРО-ДПМНЕ има дури 2,4 проценти повеќе од сите три партии на власт.
Анкетата покажува дека Левица има 3,5 % а Граѓанското движење на Максим Димитриевски 2,9 проценти поддршка.
Понатаму се Беса 2,5, Алтернатива 2 и Демократското движење на Изет Меџити со 1 процент доверба кај граѓаните.
Власта има проблем и со популарноста на лидерите
Мицкоски сам има огромна предност пред сите 4 првенци на СДСМ заедно
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско
истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници
на ниво на Република Македонија.
Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.
Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше
стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на
партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.
НАПОМЕНА:
Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференци и ставови.
Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 %. Поради тоа
сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.
Најчитани статии
Драма во највисокиот суд поради која била побарана заштита од амбасадата на САД
Посетата на Агелер на Врховниот суд се случила на барање на судии под жесток притисок од владата






