Последните истражувања на јавното мислење на врвот на СДСМ му покажале дека единствена шанса за достоинствен пораз на следните парламентарни и претседателски избори е да дојде до помирување меѓу сите фракции во партијата.
По катастрофалните анкети на кои СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ губи и над 2:1 од СДСМ искусен и почитуван партиски член започнал иницијатива за поминување меѓу лидерот Димитар Ковачевски и екс лидерот Зоран Заев.
На иницијативата влијаеле и коалиционите партнери во владата но и дипломатски кругови кои увиделе дека ,,раскараната” СДСМ нема да може да освои ниту 30 пратеници на следните избори по што сугерирале да дојде до обединување меѓу фракциите во владеачката партија.
Партиски извори тврдат дека веднаш по иницијативата дошло до првични контакти на луѓе на Заев и Ковачевски а потоа и директна средба на која начелно било договорено примирје и соработка со цел партијата да се обиде да се стабилизира.
Првиот чекор односно ,,баци рака” го направил премиерот Ковачевски кој на говор пред еден месец јавно изјавил дека многу го почитува Заев по што дошло до чекори за помирување меѓу лидерите на двете неформални фракции во СДСМ.
Надминати биле речиси сите недоразбирања како и обвинувањата на Ковачевски до пратеничката група на СДСМ која довела до последната оставка на премиерот во Собранието кога тој дел од пратениците го обвинил дека работат за Заев наместо за партијата.
Сега единствен проблем до целосно обединување на партијата е една мала група функционери кои сметаат дека Заев мора да биде минато и дека партијата треба да гради нов пат во кој нема место за корумпирани политичари.
Дел од противниците на рехабилитацијата на Заев сметаат дека екс премиерот ќе направи проблем и кај дел од јавноста која не може да го гледа но и кај странските фактори кои знаат точно колку се збогатил и што правел Заев додека беше на власт.
Некои од нив не исклучуваат дека за оваа тема наскоро можат да проговорат јавно доколку Заев почне да влијае на политиките на владачката партија и јавно да говори во име на СДСМ.






