Граѓаните на Нова Каледонија, архипелаг во Јужниот Пацифик гласаат за независност со што оваа француска колонија ќе стане најнова држава во светот.
Тоа е првото гласање за осамостојување што се одржува на француска територија, по Џибути поранешна францускаколонија наРогот на Африка која гласаше за независност во 1977 година.
Тензиите тлеат долго меѓу домородечкото население Канакс и потомците на колонијалните доселеници кои остануваат лојални на Париз.
Гласачите денеска треба да одговорат на прашањето „Дали сакате Нова Каледонија да стекне целосен суверенитет и да стане независна?“
Гласањето „да“ не само што ќе ја повреди гордоста на Франција (некогашна колонијалната сила која доминираше со Карибите, субсахарска Африка и Тихиот Океан) туку ќе го лиши Париз и од влијанието во Индо-пацифичкиот регион каде Кина го шири присуството.
Околу 175.000 од 280.000 луѓе кои живеат на архипелагот имаат право да гласаат, а анкетите покажуваат дека ќе веројатно победи „не“ опцијата, односно Нова Каледонија да остане француска територија.
На постерите кои повикуваат на „не“ се истакнува дека „Франција е единствената шанса“, додека поддржувачите на независноста се залагаат за „мултикултурна, солидарна, мирна нација“.





