Дали некој го знае името на претседателот на Македонија? (Не гуглај на Гугл, така дознав дека човекот постои и се вика Стево Пендеровски.) А каде беше македонскиот претседател вчера околу десет часот наутро, на почетокот на еден од националните вести на Пинк? Кој знае, тој најверојатно се одмарал во топлината на својот дом – тоа е Света недела – наместо да го прими колега од Србија кој побрза да го посети носејќи подарок.
Ееее, мој Стево, никогаш Александар Велики од тебе нема да биде , никогаш вториот и третиот мандат, никогаш нема да влезеш во историјата – каде што е човекот со меч на Стефан Немања во едната рака, шприц во другата и шпица од “Хит твит” на реверот.
Ова во колумна за српската телевизија Нова го пишува авторот Ранко Пивљанин кој тврди дека вчера на граничниот премин Табановце, помеѓу Србија и Македонија, присуствувавме на пропагандна претстава на моментално најголема актерска ѕвезда.
“Улоги: Александар Вучиќ, претседател на Србија, Зоран Заев, премиер на Македонија, снег, лут северен во косата, розови камери со наполнети батерии за случајно да не се испразнат на студот, една амбуланта и една кутија вакцини Фајзер против Ковид, 4.680 парчиња (ќе има повеќе – еден контингент за следно сликање)”.
Во текстот се тврди дека така завчера беше „вакциниран“ Зоран Заев но, пред сè, во корист на имунизацијата на изборното стадо на Вучиќ во рамките на изборната кампања која никогаш не е прекината. И ќе има ревакцинации, пишува авторот а тогаш ќе може да дојде и премиерката Брнабиќ.
Извор нова.рс






