Нова гранка на медицината во поликлиниката „Букурешт“ – дермавенетерологија?!

Професорот на Медицинскиот факултет во Скопје, Никола Пановски, „одушевен“ што на поликлиниката „Букурешт“ е застапена нова гранка на медицината – дермавенетерологија?!



„Се извинувам, дали некој знае која гранка не медицината е ова? Ми личи на Дерматовенерологија, ама да си прашам. Сепак, луѓето ја порачале, можеби ја платиле, ја закачиле (веројатно ја прочитале пред да ја закачат), па јас да не не знам за оваа супсупспецијалност!!!“, ја коментира микробиологот на Фејсбук неписмената двојазична табла на скопската медицинска установа позната и како „Романска болница“.

Натписот на таблата е утнат и во делот на албански, каде што стои „дермавенеролгија“.