Нова Европа: Македонија “Најнова балканска хорор приказна”

Преморената со премногу обврски Германија може да не испорача почеток на преговори за Македонија до декември, анализира директорот за глобални економски работи во ИПЕДИС Алек Мали за влијателниот бриселски портал Нова Европа.



Според анализата претседателството на Германија во ЕУ завршува за нешто повеќе од еден месец а списокот на нерешени сериозни проблеми е огромен и посериозен од проширувањето на ЕУ.

Кавгите со Полска и Унгарија околу буџетот на ЕУ, нерешеното прашање на агресивното однесување на Турција во Источен Медитеран и потенцијалните санкции како и конфликтот во Нагорно Карабах се на врвот на листата.

Заради тоа според Нова Европа не е јасно дали Берлин може да собере енергија и време да реши нешто за кое сметаше дека е главна цел на своето шестмесечно претседателство: Оваа година да го започне процесот на проширување со Македонија и Албанија .

Ова според порталот можат да го искористат лидерите во Софија кои се свесни дека распонот на можностите на Берлин во овој момент е крајно ограничен и дека незадоволителното (за нив) германско решение едноставно не може да се наметне како што тоа се случи со “нон пејперот” од последната Берлинската средба.

“Бидејќи преоптоварената Германија може да не биде во можност да го реши спорот Бугарија- Македонија пред крајот на нејзиното претседателствување, а претседавачот со ЕУ, кој ќе влезе во ротација, Португалија, најверојатно нема да има капацитет потребен за да го реши прашањето самостојно, постои сериозен потенцијал за големо одложување за проширувањето на ЕУ.

Во исто време Нова Европа анализира дека Македонија не треба да се надева на интервенција на САД во проширувањето на ЕУ пре се поради поради хаосот во кој се наоѓа тамошната администрација по изборите.

“Она малку енергија што во моментов го задржува Вашингтон на надворешно-политичките проблеми, нема да биде насочено кон процесите на проширување на ЕУ, иако службениците на Стејт департментот на средно ниво и неколку американски амбасадори од ерата на Трамп се уште може да издаваат интервенционистички изјави и твитови кои веднаш ќе исчезнат во етерот”, пишува порталот за македонскиот случај кој се нарекува нова “балканска хорор приказна”.