Нова еколошка катастрофа во западна Македонија (ФОТО)

Најзападниот регион на Македонија се соочува со старо-нова еколошка катастрофа од која се нарушува и биодиверзитетот и локалната клима.



Откако минатата година до историски најниското ниво водата во Дебарското езеро повторно е повлечена на рекордно негативно ниво.

Во моментов водата од реката Радика се влива во езерото кое е повлечено на стотина метри над Мелнички мост.

Најновата еко катастрофа се случува во период кој поради дождовите не важи за сушен а сериозно влијае и на рибниот фонд.

Причините за еко катастрофата на Дебарското езеро според еколозите е поради неконтролирано производство на електрична енергија но и намалениот доток од реката Црн Дрим која извира од Охридското езеро и преку акумулацијата Глобочица се влива во Дебарското езеро.