Нова државна видео лотарија во Македонија – косопственик е австриски ХТЛ

Online casino. Smartphone or mobile phone, slot machine, dice, cards and roulette on a green table in casino. 3d illustration

АД Државна лотарија на Македонија вчера регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ, дознава „Фактор“. „ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.



Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје и според името може да се заклучи дека дејноста ќе се концентрира на ВЛТ апарати. 

Во моментов не е познато како се распоредени уделите, бидејќи станува збор за друштво со ограничена одговорност, а според регистрацијата може да се види дека вкупната основна главнина е 10 милиони евра и дека друштвото е регистрирано на адресата на седиштето на ХТЛ Македонија.

За управител на Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ е назначен Ванчо Зунзуровски. Членови на Надзорниот одбор се Перпарим Бајрами, Артин Спахију, Сашо Богдановски, Ленче Петреска и Омер Буњаку.

Линк до целиот текст.