Нова демократија фаворит на утрешните избори во Грција

Според последната анкета што ја „Скаи“ опозициската Нова демократија на Кирјакос Мицотакис има цврсто водство пред утрешните парламентарни избори вои Грција од дури 8% пред владејаччката Сириза на Алексис Ципрас, пишува Катимерини.  



Анкетата, спроведена на 1.206 гласачи на 2 и 3 јуни, покажува дека 36 отсто од анкетираните планираат да гласаат за НД и 28 отсто за СИРИЗА.

7% поддршка и добило левичарското Движење за промени (КИНАЛ), 5 отсто Комунистичката партија, 4 отсто неонацистичка Златна зора, 3% за поддршка на партијата MeRA25 на поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, и 3 отсто од националистичкото, Грчко решение.

Според анкетата, НД ќе добие апсолутно мнозинство од 155 пратеници, во парламентот до 300 седишта, под претпоставка сите споменати  партии ќе влезат во парламентот, а 159 пратеници доколку една од помалите партии не успее да влезе во Парламентот.