Нова бугарска провокација во подготовка

За во сабота членовите на бугарската Фондација Македонија организираат одбележување на денот кога била убиена македонската револуционерка Мара Бунева во центарот на Скопје



Виктор Стојанов од фондацијата на својот фејсбук-профил ги повикува Бугарите да дојдат во што поголем број. Тој особено истакнува дека за Бугарите од Охрид, Битола Богданци, Струмица, Штип, Кочани… обезбеден бил и организиран превоз. Тој ги повикува и Бугарите од Бугарија за да ги поддржат локалните Бугари.

Фондацијата информира дека скопската полиција веќе била известена и дека ќе се грижи за безбедноста на учесниците на чествувањето.

Веќе неколку години здруженија на Бугари на кејот на Вардар во центарот на Скопје се собираат пред спомен-плочата на македонската револуционерка Мара Бунева. Среде Скопје Бугарите го развејуваат и знамето на цар Борис, чие име е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна.

Мара Бунева е македонски револуционер, таа го изврши атентатот врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ на 13 јануари 1928 година. Нејзините последни зборови беа: За Македонија! Прелиќ беше симбол на српскиот терор и ропство.

Таа е родена  во Тетово. Според толкувањето на историчарите, искривувањето на историјата и вистината, тврдењата дека Бунева била Бугарка е српска пропаганда за да се оправда соживотот во СФРЈ, како и да се сокрие српската окупација на Македонија. Нивна забелешка е дека македонската држава не направи спомен обележје достојно на саможртвата на Бунева, туку се дозволи присвојување на нејзиното дело за туѓи интереси.