Нова “бомба” од новинар: Тајна средба за аферата Рекет на аеродром во Белград

Новинарот на Телма Боби Христов со нова информација поврзана со случајот Рекет.



Тој тврди дека на за него познат датум имало средба на белградскиот аеродром Никола Тесла на која се сретнале еден инволвиран во рекетирањето и луѓе што сакаат да се расчисти аферата Рекет.

Христов информацијата ја дава поставувајќи прашање.

По коментарите во кои тој добива обвинувања дека користи сензационализам и дека е сопруг на советничка на Радмила Шеќеринска Христов вели дека сензационализам не му е потребен.

“Сакам да прашам дали двајца жестоки критичари и поборници за вистината за Рекет, имале случајна средба со еден битен актер во овој случај во ВИП салон на аеродромот во Белград!? Датумот го знам. Нема да најавувам саатница за ексклузива. Чисто онака. За нештата да се појасни”, пишува Христов кој е уредник на телевизијата Телма која во јавноста важи за провладин медиум.

Реакцијата на Христов се појавува една недела откако тој најави дека ја запира дебатата на својот профил на Твитер затоа што коментаторите се со псевдоними.

Последниот пост на Христов за аферата Рекет со сите коментари во продолжение