Нова аудио бомба фрла поинаква светлина на случајот 27 април (ВИДЕО)

Нова аудио бомба објавена вечерва фрла нова светлина на случајот 27 април пред се во однос на организаторите но и на невиноста на осудените.



Според снимката во која се слуша гласот на главниот сведок на обвинителството Александар Василевски Нинџа се отвара дилема дали обвинителите и судот знаеле дека осудените се невини.

Транскрипт од снимката:

“Зошто не си го кажал Сашо или не си го повторил, она ме праша што мислиш, кој го организирал, јас и реков мислам радикални структури предводени од Сашо Мијалков.

И кажа ти, а? – Кој? -И кажав, чоече. -Зошто не го нападна тогаш? -Кој? -Мијалков. -Сакам да ти кажам, зошто јас кај што треба сум кажал, на обвинител. Кај кур треба да го кажам на друго место?

И самиве ми викаат, ги искористија, разбираш, као ги искористија и на нив, лежат, ти текнува, разбираш, они и сами ја викам не знаеа викам они да знаеа ќе збореа ќе ме поддржеа, они викаат треба сите да зборат, ја викам шо да зборат, не знаат

Нинџа се испазари со обвинителството и Кацарска, ти текнува, (доби доби) и тоа е разбриаш, на штета на патриоти, нека пушат к.р и така.