Нова анкета за партии и лидери драматично различна од таа на Телма

Анкета направена од Институтот за стратегии, истражувања и анализи “СИА ВИСТА” покажува огромна разлика од резулатите на анкетата направена пред десетина дена од М-проспект, МЦМС и Телма на која водеа СДСМ и Заев.



Според новата анкета ВМРО-ДПМНЕ води со речиси 4% предност пред СДСМ.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски има значително поголема доверба меѓу граѓаните за разлика од лидерот на СДСМ кој има дури 70 % негативно мислење кај граѓаните и само 25 % со позитивен став.

Кај Мицкоски довербата од граѓаните е 50 %.