По масакрот во две џамии во кои 28-годишниот австралиец Брент Тарант уби 50 лица во градот Краистчрч, нов Зеланд забрани продажба на полуавтоматско оружје.
Забраната за продажба на оружје влезе во сила денеска во 15 часот по локално време, а важи и за додатоци кои можат да го претворат полуавтоматското оружје во автоматско.
„На кратко, сите полуавтоматски пушкии, какви што беа користени при терористичкиот напад во петокот, ќе бидат забранети во “, соопшти премиерката на Нов Зеланд Џесинда Арден.
Таа им нареди на властите да развијат шема за откуп на оружје од оние кои веќе го поседуваат и дека компензацијата ќе биде „фер и разумна“.
Ова ќе ја чини земјата помеѓу 100 и 200 милиони долари.
„Сакам да повторам дека објавените мерки се заради вас, не се насочени против вас“ изјави Ардерн ссо цел да не се повтори настанот како тој од минатата недела.
Еден од проблемите на Нов Зеланд, е дека не постои централизиран регистар какво оружје поседуваат граѓаните.
Се проценува дека во земјата со помалку од 5 милиони луѓе, има околу 1,2-1,5 милиони огнено оружје.





