Нов Зеланд: Право да гласаат ќе добијат лица над 16 години

Врховниот суд на Нов Зеланд пресуди дека правото на глас на 18-годишна возраст ги дискриминира младите, што ја поттикна владата да размисли за намалување на старосната граница за гласање на 16 години.



По одлуката на судот, премиерката Џасинда Ардерн претстави нацрт-закон кој отвора можност за гласање на 16-годишниците, но предупреди дека промената ќе биде тешко да се спроведе и дека нема да може да се спроведе пред општите избори во 2023 година.

Во својата одлука, Врховниот суд се повика на националната Повелба за права, која го признава правото на донесување лични одлуки на возраст од 16 години.

Со пресудата се наложува процедура на задолжителна собраниска расправа и ревизија на прашањето, но таа не е обврзувачка.