Локдаунот на национално ниво во Нов Зеланд ќе потрае барем до крајот на неделата, бидејќи земјата се бори да спречи ширење на Делта-сојот на Ковид-19.
Окленд – најголемиот град во земјата, каде што има мнозинство случаи – ќе остане во заклучување до крајот на месецот, јавуваат медиуми.
Властите јавуваат за 35 нови случаи на Ковид-19, со што кластерот откриен во Окленд достигна вкупно 107 лица.
Нов Зеланд беше ставен во тежок карантин во рок од само неколку часа откако во вторникот беше откриен еден случај, а веднаш се затворија сите училишта и несуштински бизниси.
Нов Зеланд, земјата со пет милиони жители, од почетокот на пандемијата досега има пријавено околу 2.700 случаи на Ковид-19 и 26 смртни случаи.







