На цивилите во Украина им е дозволено да пукаат во војници кои ги препознаваат како непријателски сили, според новиот закон кој стапува на сила оваа недела, објавија украинските медиуми.
Според законот, кој е во сила од понеделникот, странците и лицата без државјанство кои живеат илегално во земјата, исто така, можат да поседуваат оружје и да го користат против руските војници вклучени во нападот на Украина.
Снабдувањето со оружје ќе го регулира МВР. Целото оружје и преостаната муниција ќе треба да се вратат најдоцна 10 дена по укинувањето на вонредната состојба, која е моментално на сила.
Автоматски пушки и муниција веќе беа неселективно издадени во првите денови од војната, особено во Киев.
Кремљ ја критикуваше новата законска уредба. „Ако некој со оружје во рака нападне руски војник, тој самиот станува цел“, соопшти Кремљ.







