Покрај Максим Димитриевски со неговата ,,Наша Македонија” уште еден влијателен социјалдемократ формира политичко движење кое што дополнително ќе го урне и онака уништениот рејтинг на владеачката СДСМ на Ковачевски.
Екс заменикот министер за образование Петар Атанасов вчера во Општина Ново Село имал јавна промоција на ,,Македонска Модерна” каде биле претставени програмата, идејата и целите на ова ново политичко движење.
На промоцијата на движењето говореле двајца од основачите на МАКЕДОНСКА МОДЕРНА, Петар Атанасов и Стевче Стојанов.
МАКЕДОНСКА МОДЕРНА е движење за решавање на социоекономските, општествените и културните проблеми на граѓаните. Ни требаат решенија за модерно општество, за нашите општини кои не функционираат и за нов бран на општествен развој, стои во официјалните позиции на движењето кое се создава во македонската левица.
Петар Атанасов е поранешен новинар а подоцна професор и член на раководството на СДСМ од каде замина по пропаста на моделот ,,Едно општество за сите” која се смета за негова идеја.






