Нов силен удар за лидерот на ДУИ Али Ахмети откако еден од најважните луѓе во партијата Теута Арифи, која е поранешна градоначалничка на Тетово, гја загуби секоја можност да биде дел македонската дипломатија.
По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби Арифи да биде амбасадор на Македонија во Турција, тврдат Официјални извори за весникот КОХА кои информираат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи за амбасадорка во Анкара, Турција.
Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза – агреманите на амбасадорот нема да бидат одобрени, тврди КОХА кој дознава дека одбивањето на Арифи да замине во Брисел се случило неколку дена откако Министерството за надворешни работи го испратило името на амбасадорот.
Предходно Теута Арифи беше одбиена и од ЕУ според повеќе медиуми но и од Вашингтон.
Официјалното одбивање не стигна ниту до Министерството за надворешни работи, ниту до Владата, но повеќенеделниот молк на американскиот Стејт департмент значеше дека Теута Арифи не може да ја претставува Македонија како амбасадор во Вашингтон.
Одбивањето на кандидатурата на Арифи за амбасадор во Вашингтон, а потоа и во Брисел може да се должи и на три од повеќето причини за недавање агремани: корупција, соработка со криминални структури или соработка со тајни служби од ривалски држави на НАТО и ЕУ.
Одбивањето на Арифи може да се должи и на обид за испраќање на политичка порака од стратешките партнери до Ахмети и ДУИ за нивната улога во македонските корупциски и криминални шеми.







