Опасен тренд на скокање од глисер со полна брзина на TikTok однесе четири животи за шест месеци во САД.
Најмалку четири лица во државата Алабама починаа во последните месеци откако подлегнаа на новиот и смртоносен тренд на TikTok. Трагачите на адреналин и возбуда скокаат или паѓаат од задниот дел на глисерите, за да го скршат вратот и да се удават.
Капетан Џим Денис од Службата за спасување на Алабама ги коментираше немилите настани:
„Во последните шест месеци, имавме четири давења кои лесно можеа да се избегнат. Тие го прифатиле Тик Ток предизвикот да скокнат од глисер што се движи со голема брзина, вели Денис во интервјуто за Њујорк пост.
