Нов случај за Антикорупциска со висок функционер во владата

Државната комисија за спречување на корупција и вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски имаат обврска да го разгледаат прашањето за можно коруптивно однесување на министерот за здравство Венко Филипче кој вчера јавно промовирал приватна компанија.



Во вчерашен пост на Фејсбук министерот Филипче објавува фотографија со реклама на компанија за приватно здравствено осигурување со што го прекршил кодексот на однесување на владата кој не дозволува рекламирање на приватни компании од страна на министрите.

Извори во Антикорупциската комисија велат дека во текот на денот за оваа тема ќе се разговара и во ова тело за да се види дали има основа за поведување постапка.

Антикорупциската комисија еднаш веќе го осуди Филипче дека ги прекршил правилата но владата не го спроведува решението од ДКСК.

На една од фотографиите кои Филипче ги објавил вчера а се во врска со процесот на вакцинација без никаква здравствена логика промовира реклама на приватна компанија и со тоа предизвика реакции на социјалните мрежи каде е обвинет за повеќе работи.

Цели 22 часа Филипче не ја брише фотографијата со реклама за приватната компанија со што на фирмата и помогнал да добие бесплатна реклама кај огромен број граѓани.

Поради кризата официјалниот фејсбук профил на Филипче на кој ги објавува бројките на заразени, починати и оздравени е еден од најпосетуваните во земјава.

Постот на Филипче со комерцијалната презентација на приватна компанија.

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2669485960025087/