Еден од најмоќните луѓе во Владата и во СДСМ Зоран Верушевски кој ги советува премиерот Заев и врвот на Бихаќка за безбедносни прашања е под лупа на Јавното обвинителство.
Обвинителството за гонење организиран криминал потврдило за НетПрес дека отворило предмет во врска со купување на луксузен стан во комплексот „Парк Резиденс“ во срцето на Градскиот парк во Скопје во изност од 165.000 евра.
„Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известувањето на Управата за финансиско разузнавање е оформен предмет за лицето за кое покажувате интерес и по него постапува надлежен обвинител. Во интерес на постапката обвинителството во моментов не може да сподели детали“, се наведува во одговорот на обвинителството на прашањата на НетПрес во врска со ден претходно објавениот напис.
Како што објави вчера НетПрес, на почетокот од септември годинава, актуелниот советник за безбедносни прашања на премиерот Зоран Заев, некогашниот контроверзен директор на УБК, Зоран Верушевски, ја завршил постапката за купување луксузен стан во комплексот „Парк Резиденс“ во скопскиот Градски парк.
Целата информација на овој ЛИНК
Главниот “безбедњак” во Македонија купил луксузен стан од 165,000 евра





