Нов скандал во Австралија – тенисерот позитивен на коронавирус влегол во земјата: Како тој не е закана по јавното здравје?

Германскиот тенисер Александер Зверев открил дека сигурно би имало позитивни играчи на коронавирус, кога некој би ги тестирал на коронавирус при влез во земјата.



Иако Австралија тврди дека има строги правила, поради кои беше депортиран Ѓоковиќ и му даде повод за тужба, Андреј Рубљов тврди дека не го тестирале на првиот гренд слем сезонава.

Тенисерот кој неколку пати имаше спорни изјави за Новак, односно неговото учество на Австралија опен, сега истакнува дека бил позитивен при влегувањето во Австралија, но и дека повеќе никој не го контролира.

„Можеби и натаму би бил позитивен. Но, повеќе не сум заразен и опасен. Поради тоа што бев болен, повеќе нема да правам ПЦР тестирања“, објаснил Русинот.

Да ве потсетиме, голем скандал на Австралија опен му се случи на Бернард Томиќ кој во текот на натпреварот се жалеше дека не се чувствува најдобро, но продолжил да игра. Два дена подоцна добил позитивен тест на коронавирус кој потврдил дека бил во право додека го „убедувал“ судијата дека има коронавирус.

Извор: tocka.com.mk