Владата префрлила над 7 милиони долари на фантомска фирма во Хонг Конг за набавка на кинеските вакцини.
Ова денеска на брифинг го тврди ВМРО-ДПМНЕ од каде објавуваат документи според кои министерството за здравство платило огромна сума на фирма од Хонг Конг за набавка на кинески вакцини.
Предходно министерот за здравство Филипче ги демантираше обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека е платено на фирма посредник која требало да ги набави вакцините од типот Синофарм.
Парите за набавка на вакцините до формата во Хонг Конг по налог на Филипче и Владата ги платило министерството за финансии од Државниот трезор.
Според брифингот на ВМРО-ДПМНЕ дополнителна сума пари е префрлена и директно на производителот на вакцините.
За случајот истражува и Антикорупциската комисија откако предходно пратеникот Миле Лефков предаде документи за контроверзните набавки на вакцини.
Владата и министерот Филипче негираат дека биле вршени набавки и плаќања преку сомнителна фирма во Хонг Конг.
Поврзана вест
Со печат, со потпис…. Се чека на обвинителството и Антикорупциска
(ДОКУМЕНТ) Филипче префрлил фантастични 65 долари за вакцина на фантом фирма






