Нов резил за обвинителката Хаџи Мишева откако пропадна сведочење на двајца нејзини сведоци против кардиологот Митрев

Откако нејзин сведок на претходно рочиште и го урна предметот со тврдење дека Жан Митрев не наметнувал туку одбивал барања за лечење со методата на хемофилтрација, денеска се случи нов резил за обвинителката Искра Хаџи Мишева во случајот против кардиологот и неговата ,,Клиника Жан Митрев”.



Денеска во кривичниот суд во Скопје пропадна рочиште затоа што не можеше да дојде до сведочење на двајца нејзини сведоци против кардиологот Митрев.

Иако одговорноста за подготовка на сведоците на обвинителството е на обвинителката која ги предлага двајцата сведоци денеска тие не го поддржаа обвинението.

Едниот воопшто не дошол на судењето а другиот наводно ја заборавил личната карта.

Обвинителството преходно не се бунело за несоодветно достава или друга оправдана причина за отсуство на своите сведоци но денеска тие намерно или случајно не сведочеа пред судот по што рочиштето морало да биде одложено.

Професионален и непристрасен обвинител никогаш нема да дозволи да не му се појави сведок на судење или да нема документ за лична документација, коментираат адвокати кои долго време се занимаваат со кривично право а ваквите дебаклот на обвинителството е доволна причина судијката да го прекине предметот и да го одбие тужбеното барање.

Со оглед на тоа што во случајот Клиника Жан Митрев во позадина се интереси на политичко -бизнис и новинарски ликови кои имаат цел за мали пари да ја купат клиниката Жан Митрев, судијката засега не може да го прекине судењето.

Проверките на своите сведоци обвинителите ги прават најмалку неколку часа пред судењето по што може да се исправи грешката, но Хаџи Мишева не го сторила тоа што се учи уште на факултет со што се отвара дилема дали таа намерно не го одложила судењето за да ,купи време” пред судот.

Поврзани вести

Продолжува контроверзното судење на Жан Митрев

Силен удар за политичко-бизнис-обвинителско-новинарска рекет група што ја таргетира ,,Клиника Жан Митрев”