По текстот за револтот на студенти на битолскиот универзитет Свети Климент Охридски чии ректор, проректори и декани земале пари од студентски фонд нова хаварија на овој универзитет.
На охридскиот Факултет за туризам вчера протекло вода од дупката која беше пријавена од студенти пред десетина дена кога се откри скандалот во кој дменаџментот на УКЛО од Битола си исплатувал пари од фондот што го полнат и студенти.
По иницијалната објава на expres.mk за срамната дупка во таванот на факултетот за туризам таа била импровизирано затворена но од вчера низ неа тече вода.
Поради ,,фушерајскиот” пристап на менаџментот дупката попуштила по само неколку дена од како е поправена.
Зошто има пари од студенскиот фонд за ректорот и други професори а нема за соодветни услови за настава на студентите останува енигма на која засега нема никој одговор.






