Здравствените работници во Соединетите држави за 24 часа пријавиле повеќе од 1 милион случаи на коронавирус, пред се поради брзото ширење на „омикронот“.



Ова е најголемиот број во еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Претходниот рекорд беше поставен на последниот ден од декември, кога здравствените власти ткрија околу 590.000 случаи на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 56 милиони случаи на коронавирус се идентификувани во Соединетите држави, а повеќе од 820.000 луѓе починале од оваа болест.