Нов рекорд: Прилепчанец возел со 5,1 промили алкохол во крвта

Изминатата вечер, во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола при засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол.



Досега рекорд држел возач од Прилеп, кој бил запрен од сообраќајната полиција во Македонија на 19 август, кога му биле измерени рекордни 4,55 промили алкохол во крвта.

Според сознанија, најголемото количество алкохол во крвта кај учесник во сообраќајот измерено со дрегер претгодно изнесувало 4,26 промили, на 11 октомври 2021 година.