Нов пункт – стара слика: редици за вадење документи според Преспански

Граѓаните се порадуваа дека без закажан термин ќе може да се сликаат за нови документи, но радоста лратко траеше. Голема гужва имаше уште на првиот ден од вонредниот пункт за издавање лични документи, кој МВР го отвори во скопската населба Пролет, пренесува Плусинфо.



Во новиот пункт се плаќа исклучиво со картичка, а работното време е од 8 до 18 часот. Предвидено е фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или патна исправа.

Личните документи со старото име на држаата се со важност до 12 февруари 2024 година.