Нов сомнителен проект на владата што даде 215 пасоши на меѓународни мафијаши

Нема гаранции дека власта што за милиони евра издаде 215 македонски пасоши на
врвни белосветски криминалци нема да го злоупотреби за слични работи новиот проект на МНР и МВР кој формално е предвиден за заслужни луѓе поврзани со Македонија.



Официјално планот е научници, лекари, бизнисмени и уметници со македонско потекло што живеат во странство, а се истакнале во својата сфера и ја промовирале Македонија во земјата во која работат, годинава, преку проектот МКарта, да можат на „брза лента“ со „итна безбедносната проверка“, да влегуваат на македонските аеродроми.

Проблемот е што освен кадрите на СДСМ и ДУИ кои издале над 200 пасоши за криминалци кадрите на ДУИ и СДСМ на граничните премини ослободуваат криминалци барани со потерница и свечено ги испраќаат надвор од земјава далеку од органите на прогонот.

Кој сега ќе верува на власта дека МКарта и поедноставен влез во земјава ќе користат заслужни за Македонија а не криминалци и други незаслужни луѓе.

Планот за ваквата можност на поединци од странство со МКарта со кој меѓу другите ќе им се даде привилегија на влез во Македонија, и на оние со дипломатски и службени пасоши, официјално ја претстави Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Планот е на истакнатите Македонци од странство, кои ќе имаат МКарта, да им се овозможат и други симболични поволности, како што е слободен влез на културни настани, музеи и галерии.

Досега МКарта добиле 69 наши државјани, припадници на дијаспората, велат од Министерството за надворешни работи од каде додаваат дека амбасадите и конзуларните претставништва на Македонија се оние кои се задолжени да ги детектираат истакнатите поединци.

Изборот кој ќе биде носител на МКарта според најавата на власта ќе се реализира во строго предвидена процедура но никој веќе не верува дека луѓе блиски на СДСМ и ДУИ нема да бидат дел од злоупотреби.