Нов пример за (не)чист македонски јазик од премиерот (ВИДЕО)

Премиерот Ковачевски продолжува да се фали за ,,чистиот” македонски јазик од договорот со Фронтекс и паралелно со тоа не запира со јавно гнасење на јазикот на Македонците.



Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит продолжува со објавување на гафови и несоодветна употреба на чудни и погрешни македонски фрази од страна на премиерот.

,,Вчера Таќе имаше трибина во Прилеп! Знаете што значи тоа, така? Нови, свежи зборови и фрази во чистиот македонски јазик!

Започнуваме со дамо ро драмо, друже мој!
Дали чујеш јецај мој!, со иронија го коментира настапот на Ковачевски на трибина на СДСМ.