Стражарите и грчката полиција синоќа успеале да спречат организиран притисок и обид на мигранти да влезат во грчка територија.



„Катимерини“ пишува дека околу 350 мигранти и бегалци направиле бројни обиди да ја пробијат одбраната на преминот Кастијанс во североисточниот регион Еврос помеѓу 2,30 и 4 часот наутро, со поддршка од турските безбедносни сили кои, како се дознава, испукале солзавец против грчките граничари.

Членовите на силите „Фронтекс“ на Европската унија помогнале во операцијата за обезбедување на грчката граница, која е под притисок од 28 февруари, кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека неговата влада повеќе нема да ги спречува бегалците и мигрантите да се обидат да стигнат до Европската унија .